ВМРО-Народна прашува дали државата има доказ дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистичките власти

Од:

Во поглед на се почестите нагласувања на тоа дека треба да се забрани и затвори македонскиот клуб „Ванчо Михајлов“ поради контроверзноста на неговиот лик и негова наводна колаборација со фашистичките власти, а во насока на почитување и унапредување на правната држава како еден од столбовите на Северна Македонија прашуваме дали државата има некаков доказ кој укажува на негова наводна соработка со фашизмот, а притоа тој доказ да е правно поткрепен и во Македонија но и во Европа велат од ВМРО-Народна.

– Ако во Југославија но и во меѓународното право постоел процес кој донел заклучок дека Ванчо Михајлов е докажан соработник со фашизмот тогаш добро е јавноста да биде запознаена и да престанат сите недоречености со ликот и делото на овој човек. ВМРО-Народна партија смета дека секое паушално обвинение кое не е правно поткрепено од македонскиот или меѓународниот правен систем само ја зацврстува несериозноста и доведува до низа историски небулози кои пак на крајот завршуваат како монети за поткусурување и алатка за нови поделби во државата се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО Народна: Денот на ВМРО да го замениме со денот на „кумановската битка“

Катерина Ѓуровски

ВМРО-НП: Се почести навреди од северниот сосед за Македонците

ВМРО-Народна го поддржува Законот за амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна партија го осудува тешкото насилство кон охриѓанецот кој се декларира како македонски Бугарин

ВМРО-Народна: Бадникарските огнови не е во согласност со православието и со македонскиот идентитет

Тенковите што ги донира Македонија се купени од Украина, не се руска донација, велат од партијата на Георгиевски

Катерина Ѓуровски