ВМРО Народна: Денот на ВМРО да го замениме со денот на „кумановската битка“

Од:

ВМРО-Народна партија на сите македонски граѓани, а особено на македонските патриоти им го честита денот на големата победа во „кумановската битка“ со која Србија ја започна дваесет и три годишната окупација на Македонија велат од партијата на поранешниот македонски премиер Љубчо Георгиевски.

– Со оглед на фактот дека веќе одбележувањето на „Зебрњак“ стана традиција на прославување на општатата историја со српскиот народ и со оглед на фактот дека датумот 23 октомври се поклопува со „Денот на основањето на историското ВМРО“, ВМРО-Народна партија му предлага на македонското општество, денот на ВМРО да го замениме со ден на „кумановската битка“.
Очигледно е дека идеологијата на ВМРО веќе одамна е избришана во нашата Македонија и очигледно е дека Македонија веќе одамна припаѓа на српскиот свет па затоа отворено предлагаме, согласно со нашето денешно сфаќање на историјата, културата и секојдневната српска асимилација на македонскиот простор многу посоодветно би било овој ден да го прославуваме како ден на „кумановската битка“ отколку како „ден на ВМРО“, се вели во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-НП: Се почести навреди од северниот сосед за Македонците

ВМРО-Народна го поддржува Законот за амнестија на осудените за 27 април

ВМРО-Народна прашува дали државата има доказ дека Ванчо Михајлов бил соработник на фашистичките власти

ВМРО-Народна партија го осудува тешкото насилство кон охриѓанецот кој се декларира како македонски Бугарин

ВМРО-Народна: Бадникарските огнови не е во согласност со православието и со македонскиот идентитет

Тенковите што ги донира Македонија се купени од Украина, не се руска донација, велат од партијата на Георгиевски

Катерина Ѓуровски