ВМРО-ДПМНЕ:СДСМ да го праша Црвенковски каде се парите од шверцот со нафта

Од:

Никој друг во СДСМ веќе не го брани Црвенковски освен Игор Ивановски, Наташа Савова и Емилијан Станковиќ, вака ВМРО-ДПМНЕ реагира на денешната прес конференција на Емилијан Станковиќ.

„Наместо да одржуваат вакви изјави треба да отидат во СДСМ и да го прашаат Бранко каде се парите од шверцот за нафта?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што  СДСМ сака да го постигне е со извртување на зборовите да креира погрешен впечаток и да го одвлече вниманието од мега скандалот за шверц на нафта во деведесетите, каде Бранко Црвенковски и луѓето од нивната партија беа директно  посочени за криминалци и организатори на шверц на нафта.Потценување е да ја извртуваат темата со вакви небулози. Емилијан Станковиќ од петни жили го брани Црвенковски на така недостоинствен начин што веќе е непријатно да ја гледаме оваа глетка, како полтронски се понижува“, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ