ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Шилегов не одговори како успеал за 2 години да купи три станови?

Од:

„Аболицираниот криминалец Зоран Заев и злосторничкото здружение во раководството на партијата го претворија СДСМ во промотор и заштитник на се што е незаконско и криминално.

Партискиот портпарол Петре Шилегов иако обично е гласен, сеуште молчи како успеал за 2 години да купи три нови станови. Тој се надева дека доколку ги игнорира граѓаните, тие ќе заборават на него и на сомнежот за неговото богатење.

Шилегов сеуште не одговори дали сам на себе си изнајмува станови и си наплаќа кирии од сопственото адвокатско друштво? Шилегов молчи и за прашањето дали сам на себе си наплаќа месечен надоместок за консултантски услуги од сопственото адвокатско друштво?

Шилегов го нема никаде да каже колкав е надоместокот што како трошок го фактурира на сопственото адвокатско друштво? И конечно дали сите овие малверзации препознатливи за криминалното раководство на СДСМ се начинот по кој милионерот Шилегов успеал да заработи 200.000 евра за две години?

Се’ укажува на тоа дека Шилегов ја продолжува шемата на Радмила Шекеринска која е позната по тоа што сама на себе си издава станови за месечен надомест од цели 5.000 евра.

Ете, тоа е СДСМ. Единствената преокупација на челниците на партијата водена од аболицираниот криминалец Зоран Заев е смислување начини како да се изигруваат и прекршуваат законите.

Граѓаните на Република Македонија на 11-ти декември јасно и гласно кажаа дека не сакаат да бидат водени од криминалци кои пред очите на целата јавност бараат мито по методот „Евро за Вицето“. Затоа речиси половина милион Македонци го осудија на пораз СДСМ и неговите криминални и деструктивни сценарија.

Зоран Заев и неговите криминални соработници ќе одговараат пред законите и пред граѓаните за злосторничкото здружение кое го формираа и кое има за цел да ја раскрчми Македонија“ стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Жално е што политичките приврзоци најдобро се снаоѓаат во улога на сервилни помошници

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Владата работи домаќински и континуирано на привлекување странски инвестиции, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Дали Венко Филипче му се восхитува на Заев за грабежот кој го направи?

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните не може да очекуваат ништо од СДС, ниту од Филипче, кој сака да биде „втор Заев“

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците се темелот за иднината на Македонија