ВМРО-ДПМНЕ: Зошто СДС се плаши од одговорност за злоупотребите на ИПА фондовите?

Од:

Зошто СДС се плаши од одговорност за злоупотребите на ИПА фондовите? Злоупотребени се над 2.2 милиони евра. Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ бара поврат на 2,2 милиони евра од Македонија поради злоупотреби на ИПА средства во време на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено Генералниот директорат за образование млади, спорт и култура на Европската комисија, согласно извештајот на ОЛАФ, на 30 ноември 2023 по маил доставил известување до Националната агенција за европски образовни програми и мобилност со барање за поврат на парите. Потоа до Агенцијата е доставен уште еден допис, дека решението е конечно. Власта на СДС и ДУИ немаше постапено. Зошто?

Дали власта на СДС и ДУИ криеле некој? Кој злоупотребил европски пари, а е важен за СДС? Кого штити СДС? СДС треба да знаат дека одговорноста за се што правеле доаѓа многу брзо од денес. Никој нема да биде поштеден што злоупотребувал пари на граѓаните или пари од нашите меѓународни партнери наменети за народот и државата, кои наместо на право место завршувале во нечии џебови, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?