А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто две години институциите криеле дека се прислушува Обвинителството?

by А1он01/12/2018 - 18:32174
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Оливер Спасовски.

Добивај вести на вибер

„Најмалку што може да направи Оливер Спасовски е да и се извини на јавноста и да си поднесе неотповиклива оставка.

Тешко дека на тој начин ќе ги намали штетите и последиците од неговото неспособно и криминално владеење, но барем ќе се даде можност да престане хаосот што го креираше и ќе се остави простор да се расчистат сите скандали што тој ги остави.

Скопје, Тетово и другите градови наликуваат на див запад. Убиецот на младиот фудбалер Мартин Јанушев и после повеќе од една година се шета слободен, а друштво му прават и убијците кои решетаа од калашникови во сред Скопје.

Сите знаат како Груевски заминал од Македонија, а само Спасовски сопствената неспособност ја покрива со притисоци врз членовите на ВМРО-ДПМНЕ и претреси на нивните возила.

Спасовски е дојден на челното место во МВР во техничката влада уште во ноември 2015 па потоа и во септември 2016.

Сега е министер со сите овластувања веќе година ипол и за време на негово министерување се случува најголемиот скандал да се снимаат и уценуваат јавни обвинители и судии.

СДСМ и Оливер Спасовски треба на јавноста да и одговорат кој, како и зошто прислушувал.

Зошто две години службите ја криеле оваа информација и дали одговорот за причините лежи во фактот што Заев однапред ги знаеше и најавуваше сите обвиненија, притвори и пресуди?

Оливер Спасовски со оваа прес конференција наместо да даде одговори уште повеќе се заплетка во скандалот. Доколку за овој случај знаел подолго време зошто не превземал ништо? И зошто дозволил јавното обвинителство да биде прислушкувано до пред некој ден кога сето ова се разоткри пред јавноста? Најдоблесно ќе беше Оливер Спасовски денешната прес конференција да си поднесе оставка“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен