А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Животот дојде единствено за тие со членска од СДСМ

by А1он31/08/2017 - 16:47151
Share0

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на реакцијата на СДС во врска со изјавата на Дарко Костовски.

Добивај вести на вибер

„Во изминатите неполни три месеци СДС успеа да ги онеспособи државните институции и во целост да ги наполни со некомпетентни партиски послушници и да го стави во прашање нивното правилно функционирање.

Пред очите на граѓаните филозофијата на Курто Дудуш стана општа пракса. Државните институции во Македонија работат единствено за тесно партиските интереси на СДС и нивниот шеф Заев.

Животот дојде единствено за оние со членска од СДС, а останатите граѓани се запоставени, игнорирани, а непрофесионалниот однос од институциите кои тие ги плаќаат им е секојдневие.

За само три месеци на дело се покажа неспособноста на владата која произлегува од поставувањето на партиски војници на место на професионалци на чело на државните институции.

Вака обезглавените институции не успеаја да се справат со ниту една кризна ситуација во изминатите месеци, почнувајќи од еколошките катастрофи до шумските пожари како и целосното разорување на македонската економија која во времето на ВМРО-ДПМНЕ се движеше само во нагорна линија.

Граѓаните видоа како СДС работи кога ќе ја добие власта на централно ниво, а граѓаните на малкуте општини под контрола на СДС знаат како катастрофално функционираат градоначалниците на локално ниво. СДС е во паника поради ужасниот пораз кој ги очекува на локалните избори на 15-ти октомври кој целосно ќе ја делегитимира оваа неспособна власт“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен