ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски неуспешно копира делови од нашата програма

Од:

ВМРО-ДПМНЕ го обвинува кандидатот за градоначалник на општина Центар од Коалицијата „Сојуз за иднината“ Андреј Жерновски дека се обидува да копира делови од нивната програма.

Во отсуство на сопствени идеи и дела и немање на информации за веќе реализираните проекти во изминатиот период во општината каде тој сака да биде градоначалник, Андреј Жерновски неуспешно се обидува да копира делови од програмата на ВМРО-ДПМНЕ и да ги прикаже како свои идеи, стои во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Потсетуваме, се додава во рекацијата, дека во изминатиот период под водство на градоначалникот Владимир Тодоровиќ успешно се реализираше проектот за реновирани и инсталирање нови енергетско-ефикасни фасади, како и со реконструкција на столаријата, при што се завршени зафатите на 11 објекти.

Веќе се предвидени и нови зафати за реконструкција и менување со енергетско-ефикасни фасади и тоа во нашата изборна програма која случајно ја обзнанивме многу порано од неговата, пред повеќе од еден месец, се нагласува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија