ВМРО-ДПМНЕ: Жалосно е што Арсовска беше против својот ребаланс

Од:

Изгласан е ребалансот на буџетот на град Скопје предложен од Арсовска, дополнет со амандмани од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“, известува ВМРО-ДПМНЕ.

– Со амандманите кои беа усвоени се предвидува социјална заштита во време на криза за што се обезбедија 15 милиони денари помош во кризно време за најпогодените лица во македонското општество. Тоа се децата без родители, лицата во социјален ризик и општествен ризик, кои што ќе се соочат најостро со кризата која што од енергетска прераснува во финансиска и економска. Потоа се обезбедија и средства за Црвениот крст. Се успеа да се обезбеди изградба на улици во општина Чаир како што е и улицата Максут Садик, и улицата Фрањо Клуз во општина Аеродром“. Беше изгласано повеќе пари за ФК Вардар и нормализација на работата на Универзалната сала, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Жалосно е што Арсовска беше против својот ребаланс, а СДС гласаше против сите овие проекти. Тие продолжуваат да ја докажуваат својата коалиција која е против Скопје и скопјани. Очигледно криминалните интереси им се пред тие на градот Скопје“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Град Скопје удри по дивите таксисти – се одземаат возила, има и парични казни

А1он

Во Скопје од денеска 50 евра казна за фрлање ѓубре меѓу 22 до 06 часот

Левица: Не гласавме за крајно нетранспарентниот Ребаланс на Буџетот на Скопје во кој се кријат партиски вработувања

Ѓорѓиевски: Донесен е ребалансот на Буџетот на Град Скопје, обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции

Предраг Петровиќ

Ѓорѓиевски: Kонечно Скопје за Нова Година ќе биде украсено како што треба да биде

А1он

Проект „Градски воз“: Од Драчево до центар на Скопје за 11 минути

А1он