ВМРО-ДПМНЕ: Зградата на Кривичниот суд е проект започнат и реализиран од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Се што видоа граѓаните од владата на СДСМ во изминатите 10 месеци се само деструктивни политики, стопирање и блокирање.

СДСМ за 10 месеци не успеа да реализира ниту еден инфраструктурен проект, но затоа умеат да се фалат со туѓи проекти.

Денес по којзнае кој пат СДСМ повторно се пофали со проект на ВМРО-ДПМНЕ. Новата судска зграда на Кривичниот суд во Скопје која СДСМ денес ја пушти во употреба е проект започнат и реализиран од страна на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ не беа способни цели 10 месеци да го пуштат во употреба овој објект на кој единствено му фалеше набавка на додатна техничка опрема.

Заради неспособноста да започнат и реализираат свои проекти СДСМ ги запира веќе започнатите проекти кои ги започна владата на ВМРО-ДПМНЕ. Владата на СДСМ го одложува и пуштањето голем број проекти на ВМРО-ДПМНЕ кои беа во завршна фаза единствено со цел да може да ги прикаже како свои проекти.

Граѓаните не се со кратка меморија и знаат кој работи. Граѓаните заслужуваат влада која ќе создава, а не влада која не работи, блокира и се кити со туѓи перја“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал