А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Здравствените работници и институции оставени без неопходната заштита

by А1он22/04/2020 - 09:2887
Share0

„Пандемијата коси, а здравствените рботници се најзаслужни што таа не излезе од контрола и тие со својата жртва нудат сигурност и спокој кај грѓаните.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во време кога на здравствените работници им е потребна поддршка, како морална така и од аспект на заштитна опрема, владата крева раменици и замижува пред она што се случува.

Голем дел од здравствените институции и здравствени работници се без неопходната заштита. Загрижувачки е фактот што над 17% од вкупно заразените со коронавирус во Република Македонија се доктори и медицински персонал и сите оние кои што секојдневно се на првата линија. Тоа е недозволиво“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Честа појава е здравствените работници да се снабдуваат самите со се што им е потребно за работа.

Следете a1on на Youtube YouTube

Владата и министерот за здравство Филипче треба да дадат одговор зошто е дозволена ваквата ситуација и до кога ќе расте бројот на заразени здравствени работници? Дали оние кои секојдневно се во отворена борба со коронавирусот заслужуваат ваков третман?

Бараме да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за медицинска заштита и за се што е потребно. Да се направи централизирана набавка на целокупниот потребен материјал кој е неопходен за работа на здравствените работници и со тоа да се намали бројот на заразени од коронавирусот во здравствените установи.

Доколку владата не реагира брзо на барањата, ќе се соочиме со нови заразени во здравствените установи со што ќе се намалат капацитетите на здравствениот систем.

Во овие моменти е најважно здравјето на граѓаните, а тоа зависи од здравјето и безбедноста на здравствените работници“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

dpmne

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 13:56

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

Катерина Ѓуровски18/08/2026 - 13:27
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео