ВМРО-ДПМНЕ: Здравјето на граѓаните мора да биде прва и основна грижа на институциите

Од:

„Здравјето на граѓаните мора да биде прва и основна грижа на институциите. Справувањето со последиците од пандемијата бара итна и неодложна акција на повеќе полиња.

Република Македонија поради епидемијата која владее се наоѓа во економски шок, пад кој сигурно ќе предизвика долгорочни штети. Изминатите денови се отпуштаат работници, се затвораат индустриски капацитети , а добар дел од вработените се испраќаат на принудни одмори. Во овие моменти најмалку што треба е да се дозволи да се затворат фирми, фабрики, конфекции и огромен број работници да останат на улица“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Еден од првите примери е фабриката Кронберг и Шуберт која на принуден одмор испрати над 5.800 работници на кои не им е образложено кога и дали ќе се продолжат со работа во фабриката. Доколку се остави по овој пример да постапат и другите поголеми индустриски капацитети, тогаш на Република Македонија и се најавува огромен економски крах кој сигурно ќе остави долготраен траг.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ се нуди да помогне во решавањето на овој проблем. Ги нудиме сопствените човечки капацитети во делот на економијата кои ќе соработуваат со цел подобрување на ситуацијата.

Бараме од Владата на Република Македонија да примени сет мерки преку кои ќе се помогне на стопанствениците и ќе се олесни претешката ситуација во која се наоѓаат. Мора да се изнајдат решенија како да се спасат индустриските капацитети, како и вработените кои се во огромен број.

Доколку Владата дозволи стопанствениците сами да донесуваат одлуки и да се се отпуштаат работници, тоа ќе значи дека низ целата држава над 30.000 работници ќе останат без работно место, односно голем број на семејства ќе останат без приходи.

ВМРО-ДПМНЕ во овие моменти е над секакво политиканство и искрено сака да се заложи во борбата со економската и здравствена ситуација која ја наметна епидемијата со Covid-19 вирусот. Капацитетите на партијата се ставени на располагање и Владата треба да ја стави на страна суетата и да соработува.

Економијата и здравството се главните постулати врз кои се темели секоја држава. Граѓаните се пред и над се“, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Трпе Деаноски од УПОЗ за луксуз и спортски игри во Црна Гора потрошил над 60.000 евра, пари на синдикалците од чланарина

Манасиевски: Филипче преку Рубин Земон во директна соработка со Виктор Стојанов кој е персона нон грата во Македонија

Катерина Ѓуровски

Стојаноски: СДСМ избега од дебата затоа што нема аргументи против финансискиот пакет

Манасиевски: Не постои барање од Бугарија кое уценетиот Филипче нема да го исполни за да дојде на власт

Милошоски: Кадарот на Филипче, Заев и Ахмети, Ислам Абази ја запре судската постапка за сомнителната набавка на мазут вреден 167 милиони евра

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”