ВМРО-ДПМНЕ: Законот за јазици и промената на името не беа дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев

Од:

„Писмото на Димтров до грчкото Министерство за надворешни работи, уште еднаш потврдува дека со Договорот од Преспа не само што се менува уставното име туку се менува и македонскиот идентитет, се брише и јазикот, историјата и културата. Со други зборови Заев и Димитров се откажаа од се што е македонско.

Законот за јазици, промената на уставното име не беше дел од програмата на СДСМ, но беа дел од концесиите на Заев. Македонската држава е заложник на хипотеките на Зоран Заев, хипотеки и концесии дадени со единствена цел доаѓање на власт иако мнозинството македонските граѓани не му ја дадоа довербата.

Црнила надвиснаа над Македонија денот кога аболицираниот Заев седна во премиерската фотелја. Граѓаните осиромашуваат, економијата е пред колапс, давачките кон државата растат, нема нови проекти, здравството и образованието тонат. Македонија е понижена и клекната на колена, се распродаваат државните и националните интереси.

Парите на граѓаните завршуваат во џебовите на високи државни и партиски функционери, се измислуваат државни функции, се исмупмупуваат буџетски пари преку криминални тендери и грантови. Лек за црнилата на Заев е македонскиот граѓанин, кој на следните избори ќе го испрати Заев во политичка пензија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

ВМРО-ДПМНЕ: Семејството на Мицкоски никогаш не го користело владиниот авион

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?

Филипче: Премиерот се луксузирал со владин авион на одмор додека нема пари за плати

(ВИДЕО) Ковачки: Вратите се отворени за секој кој сака да биде дел од тимот кој победува

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори истрага за користење службено возило за приватни цели од страна на претседателот на ССМ Трендафилов