А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, судството и обвинителството молчат околу наводите на Стојан Андов за атентатот врз Глигоров

by А1он07/12/2018 - 15:44205
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на изјавата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„СДСМ тоне во криминал, а мафијашкото делување е единствениот принцип во партијата.

Нарачани политички изјави од лица обвинети за сериозни дела за Зоран Заев имаат поголемо значење, отколку сведоштвата на Стојан Андов кој директно го посочи Љубомир Фрчкоски како инволвиран во атентатот на Киро Глигоров.

Зоран Заев, исто како и „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството’ молчат околу новите наводи за атентатот врз Претседателот Киро Глигоров. Ниту атентат ги интересира, ниту обврската кон семејството на покојниот Претседател Киро Глигоров ги интересира, иако и најблиските и целата јавност имаат право да ја дознаат вистината околу хаосот и црнилата што и пред 24 години ги донесе СДСМ.

Не ги интересира ниту сведочењето на поранешниот Претседател на Собранието Стојан Андов, ниту исказите на еминентниот новинар Љубомир Гајдов. За аболицираниот криминалец Зоран Заев, Стојан Андов е неколку нивоа под Александар Василевски викан Нинџа.

За Зоран Заев, СДСМ, „Кацарска судството“ и „Рускоска обвинителството“, Стојан Андов и неговото сведочење имаат помал кредибилитет отколку нарачаното сведочење на Василевски – Нинџа.
Ете тоа е СДСМ денеска. Мафијашка партија со мафијашки вредности.

Покрај нарачани обвиненија, нарачани пресуди и нарачани службени белешки, аболицираниот Заев сега си нарача и сведочења со кои што сака да спроведе план за компромитирање на ВМРО ДПМНЕ и финален удар врз партијата. Заев се лаже доколку мисли дека со притисоци, злоупотреби на институциите и удбашки конструкции ќе ја клекне на колена партијата, а преку ВМРО ДПМНЕ и Македонија и македонскиот народ“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 12:4822/02/2026 - 13:55

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:52

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ22/02/2026 - 09:4922/02/2026 - 09:54

ВМРО-ДПМНЕ: Работниците добија реално повисоки плати, приоритет, стабилна економија и раст на платите

Горан Наумовски20/02/2026 - 21:03
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен