А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се во паника бидејќи се фатени во криминал

by А1он23/07/2018 - 22:0123/07/2018 - 22:01201
Share0

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

Добивај вести на вибер

„Зоран Заев и СДСМ се во паника. Во паника бидејќи нивната антидржавна и антимакедонска политика е прочитана.

Зоран Заев и СДСМ се во паника затоа што се фатени на дело како крадат 45 милиони евра од граѓаните само за неколку дена.

Нема човек што не виде како си поделија 10,5 милиони евра на фирми каде сопственици се Кочо Анѓушев, Хари Локвенец, разни снаи, пријатели или синчиња на локални функционери.

Во паника се заради тоа што беа откриени како сакаат да и дадат 35 милиони евра на фирма основана пред четири месеци, која нема никакво искуство во здравството.

Во паника се бидејќи се фатени во криминал.

Зоран Заев и СДСМ се во паника затоа што се откриени дека криминалот го покриваат со потпишување на капитулантски договори и распродажба на највисоките национални интереси.

Затоа Зоран Заев и СДСМ имаат проблем и мора да бараат предавници на ко ќе им лепат етикети дека се против ЕУ и НАТО интеграциите.

Колку и да лажат вистината е една. За криминалите ќе одговараат кога ќе се врати правната држава. Граѓаните секојдневно гледаат дека нема ни реформи , ни прогрес со криминалниот картел на власт. Со криминалниот картел на власт може да се очекува само уште поголем и побрутален грабеж и анархија.

Граѓаните гледаат дека Зоран Заев е зло за Македонија. Што побргу тоа зло си замине од власт, подобро за сите. Залудни се навредите. Македонија ќе оди напред и во ЕУ и во НАТО , но без неспособното, расипничко и антидржавно злосторничко здружение предводено од Зоран Заев“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен