ВМРО-ДПМНЕ: Заев потврди дека СДСМ за 10 месеци не направила ниту една инвестиција во образованието

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Зоран Заев.

„Многу зборови, ниедно дело. СДСМ во изминативе 10 месеци покажа дека младите не им се приоритет и дека се што им ветуваа пред избори било само една обична изборна лага.

Зоран Заев денес потврди дека владата на СДСМ за 10 месеци не направила ниту една инвестиција во образованието, ниту пак направила нешто во насока на подобрување на младинскиот стандард. Заев денес кажа дека наместо да сработи нешто за младите потрошил 10 месеци за составување на работни групи помеѓу владата и граѓанските организации. Тоа се 10 месеци, период во кој власта не направила ништо за младите.

Помпезно најавуваната младинска гаранција од страна на СДСМ се испостави како огромна лага. Заев ги лажеше младите пред избори дека државата најдоцна 4 месеци по завршувањето на нивното образование ќе им понуди вработување или можност за практика, тренинг или обука. 10 месеци откако СДСМ е власт, а младинската гаранција од најголемо најавуван проект, се сведе на пилот програма.

10 месеци СДСМ на власт, 10 месеци безнадежност за младите.

СДСМ ветуваше дека ќе ја намали младинската невработеност и ќе ги врати младите во државата. 10 месеци откако СДСМ е на власт, немаат направено ништо за задржување на младите во државата, а младите уште повеќе се иселуваат.

СДСМ пред изборите ветуваше почнување со изградба на студентски град на местото на студентските домови, Гоце Делчев и Стив Наумов. Поминаа 10 месеци, а од најавениот студентски град на СДСМ ни трага ни глас.

СДСМ ветуваше многу, не направи ништо. Младите се изманипулирани од СДСМ и Зоран Заев.

Младите се жртва на киднапираната држава од страна на СДСМ и заробеноста на институциите од врхушката на власта.

Оваа безнадежност не смее да продолжи. СДСМ не смее да ја одземе иднината на Република Македонија. Младите заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал