ВМРО-ДПМНЕ: Заев не успеа со манипулации и фалсификат да го освои ССМ

Од:

Аболицираниот криминалец Зоран Заев не успеа со манипулации и фалсификат да го освои Сојузот на Синдикати на Македонија.

Се покажа дека обидот на опозицијата да наметне свое водство на Синдикатот не е врз база на некаква статутарна одлука, туку дека станува збор за уште еден политички обид на СДСМ да се силуваат инстуциите.

Заев и СДСМ сакаа да го узурпираат синдикатот и да го суспендираат легитимно избраното раководство на ССМ. Со најновото решение од Министерството за Труд и Социјална политика се поништи претходното решение од поранешната техничка министерка Фросина Ременски, донесено врз база на фалсификувани документи.

Ова е уште еден пораз на Заев кој повторно не успеа дури и со помош на партиските рекетари насилно да ги киднапира институциите.

Порано или подоцна, Заев ќе одговара за сите криминали, исто како и целата злосторничка банда која сакаше да го преземе насилно ССМ.

Времето на аболицираниот криминалец Зоран Заев помина. ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува институциите да се одважат и да не подлегнуваат на политичките притисоци, закани и насилство инспирирани од Зоран Заев и СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За Мицкоски, протестот на Синдикатите е „вообичаена активност за 1 мај“

„За плата се бориме, не се молиме“, работниците на првомајки протест

Првомајски протест на Синдикатите, посебен режим во Скопје

ССМ организира протест на 1 Мај, ги повика работниците масовно да излезат

Синдикалната минимална кошница за април 68.797 денари

Трендафилов: Повеќе од три години откако Дарко Димовски не е повеќе меѓу нас, водат постапки обидувајќи се да докажат дека тој не е претседател на ССМ