ВМРО-ДПМНЕ: Заев не смее да го продава македонскиот јазик и идентитет

Од:

„Заев се богати и се обидува да се избори за уште една амнестија за криминалот, а Македонија ја плаќа цената. Власта предводена од Зоран Заев, Оливер Спасовски, Никола Димитров и Радмила Шекеринска во период на здравствена и економска криза крие и релативизира важни документи. Бугарија ја користи неспособноста, криминогеноста и алчноста на Заев и го условува членството на Македонија во ЕУ со почитување на договорот што ги потпиша СДСМ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со овој документ се подриваат темелите на македонската држава, македонскиот јазик, македонската историја и македонскиот народ. Власта предводена од СДСМ не се интересира ниту за здравјето на граѓаните, ниту за државата.

Релативизирајќи ја новонастанатата ситуација со бугарскиот документ, ставајќи го проблемот под тепих, СДСМ прави голема штета на граѓаните и државата.

До кога Заев и неговите соработници ќе го игнорираат ова прашање? Последиците од политиките на СДСМ и Заев ќе бидат долгосежни. Заев гледа само како да се спаси од одговорност за криминалот, ништо друго не го интересира.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ повикува на разум, државнички однос и заеднички договор за ова прашање. Затоа ВМРО-ДПМНЕ предлага на претстојната лидерска средба покрај за состојбата со здравствената и економска криза како приоритет, да се разговара и усогласи заедничка стратегија како одговор на условувањата на Бугарија.

Воедно треба да се постават основи за заеднички усогласена надворешна политика, како и стратегија за национална безбедност. Тоа треба да бидат документи со кои ќе се обврзни сите идни Влади.

На лидерската средба треба да се дадат одговори за здравствената и економската криза, како и да се изгради заеднички државен став за надворешната политика и националната бебедност“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски