ВМРО-ДПМНЕ: Заев на домашен план донесе целосен дебакл, а на надворешен трајно ги наруши позициите на државата

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавите на премиерот Зоран Заев.

„Зоран Заев и неговата влада се катастрофа за младите. Заев од опозиција ветуваше дека ќе врати над 600.000 иселени, сега кога е на власт, не само што не ги врати, туку со своите политики го забрза иселувањето.

Заев причини вистински економски геноцид врз Република Македонија. Економијата повеќе од година дена е на нула. Партијата која ветуваше раст на БДП од 5%, сега не може да оствари раст поголем од нула. Индустријата најслаба во регионот, а градежништвото е во слободен пад од 37%.

Државата тоне во корупција. Криминалот во највисоките структури на власта е најголем проблем со кој се соочува државата. На државните претпријатија се гледа како на средство за доделување тендери на партиски фирми. Додека обичните бизнисмени се потиснати од картелот на власт.

Заев наместо живот, донесе бесперспективност. Додека на домашен план донесе целосен дебакл, на надворешен план ги наруши трајно позициите на државата.

Договорот со Грција не е гордост, туку срам за државата. Заев свесно и своеволно прифати промена на идентитетот и јазикот на сопствениот народ и промена на Уставот на државата, иако претходно тврдеше дека тоа нема да го направи. Заев е синоним за лажење.

Заев е синоним за бесперспективност. Зоран Заев и криминалниот картел кој го води мора да си заминат, за Македонија да тргне напред“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?