ВМРО-ДПМНЕ: Заев краде во секоја прилика, ги краде граѓаните

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека премиерот Зоран Заев краде во секоја прилика од парите на граѓаните.

„Зоран Заев во текот на владеењето покажа дека знае само две работи, да лаже и да краде. Краде во секоја прилика, замислете ги краде граѓаните! Но, зошто тој би мислел за граѓаните, за животниот стандрад кога едноставно одлучил дека треба да искористи се што може и тоа само за себе и за неговата екипа. Затоа нема никакви реформи, нема никакви мерки, има само поскапувања. Има само нови такси, поскапа струја, какво се не ти зголемени давачки. Едноставно кажано има само катастрофална финансиска политика, ако истата може да се нарече и политика. Токму поради Заев и неговата екипа граѓаните ќе плаќаат нешто повеќе од 4 денари или 4,13 денари повеќе за секој литар гориво“, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Тие додаваат дека според нив, целта на власта е една да ја полни буџетската дупка која ја создадоа токму тие со како што велат, расипништво.

„За само четири години власт од Заев и неговата екипа долгот се зголеми на рекордни 7,2 милијарди евра, или 63% од БДП. Колку за илустрација, Заев на секое семејство му натовари нов долг од 4.800 евра за време на својата власт. Заев со новите зголемени давачки само сака да ја покрие својата лоша економска политика, крајно недомаќинско работење, а со тоа само дополнително ги осиромашува граѓаните. Во меѓувреме, не направи ништо, нема капитални инвестиции, ама има нови долгови, потрошени пари за кои никој не дава отчет. Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања