ВМРО-ДПМНЕ: Заев ја злоупотребува функцијата за да лаже во име на Македонија

Од:

ВМРО-ДПМНЕ реагира на изјавата на премиерот Зоран Заев.

„Зоран Заев избра коалиција со криминалот, наместени тендери и корупција. Зоран Заев ја злоупотребува функцијата премиер, за да лаже во име на Република Македонија.

Економијата повеќе од една година тоне. Во Република Македонија нема одржлив развој и економски раст, нема обезбедени работни места, социјален прогрес, заштитена животна средина.

Во Република Македонија владее криминал и корупцијата преку обезбедена заштита од репресираното судство. Врвот на таа корупција е во владата, кај премиерот и неговиот клан. Во Република Македонија нема демократија, нема еднаквост, нема владеење на правото. И токму затоа Република Македонија, и покрај личниот капитулантски договор на Зоран Заев, не доби датум за отпочнување преговори.
Зоран Заев е човекот кој прифати промена на Уставот, јазикот и идентитетот.

Бесрамното лажење на Зоран Заев не застанува тука. Повторно и денеска вели дека „Знаеле како“ до Европа.

Зоран Заев и неговата свита единствено што знаат е да ги распродадат националните и државни интереси претставувајќи ги како единствен спас за Македонија и Македонците.

Граѓаните видоа дека Зоран Заев лаже. Граѓаните не му веруваат на Заев. Заев. Заев мора да си замине за Македонија да победи“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место