А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско

by А1он10/01/2019 - 09:00146
Share0

„Република Македонија се наоѓа пред финалниот акт на црното и срамно сценарио на Зоран Заев и СДСМ за промена на името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата.

Добивај вести на вибер

Зоран Заев и СДСМ ги продадоа националните и државни интереси и ги погазија Уставот, законите и волјата на македонските граѓани.

Зоран Заев и СДСМ се решени да уништат се што е македонско и затоа насилнички и со закани и уцени врз пратеници и нивните блиски ја доведоа Република Македонија до финалниот чин за промена на Уставот со цел промена на уставното име.

За нив не важат законите, не важат демократските процеси, а ниту пак важи јасно искажаната волја на граѓаните на Република Македонија на неуспешниот референдум кога јасно порачаа дека се против промената на името на државата.

Две години ништо немаат сработено и единствено се фокусирани како да го променат името на државата, идентитетот, јазикот, културата и историјата.

За таа цел Заев во своја служба ги стави Кацарска Судството, Русковска обвинителството и СЈО и преку нивните механизми на криминален начин преку механизми уценува пратеници за да гласаат и да го исполнат неговиот црн план за погребување на Република Македонија.

Додека пак на целата македонска јавност е свесна селективното помирување и селективните промени на Кривичниот Законик беа единствено за исполнување на црното сценарио на аболицираниот Зоран Заев.

Европска Македонија не се станува со погазување на демократијата и волјата на граѓаните. Заканите, уцените врз пратеници и неистомисленици не се европски вредности исто како што европски вредности не се ниту механизмите на партиските Кацарска судство и Русковска обвинителство.

Затоа ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во овој црн процес ниту има намера да му даде легитимитет за промената на Уставот и погазувањето на македонското достоинство и бришење на македонскиот идентитет кој нема поддршка и легимитет од граѓаните на Република Македонија.

Северна Република Македонија можеби е на Заев, а за ВМРО-ДПМНЕ секогаш ќе остане Република Македонија онаа за која што мнозинството гласаше на референдум на 8 септември 1991 година

Македонија мора да престане да губи, во економијата, во бизнисот, во индустријата, образованието, земјоделието. На планот на државните и стратешки интереси и цели. Затоа граѓаните ќе го казнат Заев и СДСМ за сите овие црнила и злодела кои и ги нанесуваат на Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

Горан Наумовски11/03/2026 - 08:08

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен