ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДСМ наместо да се борат против корупцијата, тие заедно со Јанева се вмешани во најголемиот случај во државата „Рекет“

Од:

„СДСМ и Заев во овие три години откако се на власт единствено нешто успееја да направат во државата е да донесат криминал, корупција и рекетирање во државата. Според најновиот извештај на Стејт Департментот за 2019 година покажува дека високата корупција е најголем проблем во земјава, а постојат извештаи каде државните службеници се вклучени во корупција. Друг проблем кој се појавува во државата е независноста на судството, политизираниот Судски Совет кое ја спречува ефикасноста на борбата против корупцијата. Заев и СДСМ наместо да се борат против корупцијата, тие заедно со Катица Јанева се вмешани во најголемиот случај во државата „Рекет““, пишува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Извештајот на Стејт Департментот  стои и дека новинарите и медиумите се предмет на насилство и заплашување и се тоа е од страна на СДСМ и Заев. Ова е реалната слика за тоа како СДСМ и Заев ја тероризираат државата. СДСМ не се менува и настапува со стари и компромитирани кадри. Заев и Шекеринска се последните остатоци од криминалната транзиција кои ќе бидат поразени. Гласот за Заев е глас за криминалот и затоа Заев кога ќе биде поразен мора да си замине од политиката. Ова зло кое Заев го нанесе мора да си замине од државата. По 12-ти април  следува обновата на Македонија. ВМРО-ДПМНЕ победува на изборите на 12-ти април“, се додава во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му