ВМРО-ДПМНЕ: Заев и СДС се плашат од слободни избори

Од:

„СДС владее како полициска хунта во државава, а не како демократска власт.

Владата на СДС и Зоран Заев спроведе криминални избори и со тоа остави црна трага и голема дамка во историјата на Македонија.

Локалните избори на 15-ти октомври ни најмалку не наликуваа на фер, слободни и демократски избори, а волјата на граѓаните воопшто и не беше испочитувана поради преголемиот притисок и изборниот инжинеринг од страна на Социјалдемократскиот сојуз и Зоран Заев.

Секој ден се повеќе и повеќе информации ни пристигнуваат за изборни нерегуларности и притисоци.

За прв пат во историјата на независна Македонија имавме убиство на независен кандидат за советник, во предизборниот период и на денот на гласањето имаше голем број на нерегуларности, уцени, поткуп, инциденти, а полицијата наместо да делува во служба на граѓаните и законите, дејствуваше во функција на СДС, Заев и Спасовски.

На голем број места низ државата беше извршен т.н. метод на бугарски воз, со што гласачките кутии беа наполнети со однапред заокружени ливчиња за кандидатите за градоначалници и советници од Социјалдемократскиот сојуз.

Бугарски воз од досега евидентираното е извршен во Карпош, Охрид, Велес, Струмица, Врапчиште, Гостивар, Гевгелија и Берово, сето ова е документирано и внесено во записник.

За големиот број на изборните нерегуларности и притисоци спроведени од СДС и Заев постојат и докази. Но,за жал се премолчени и релативизирани од страна на надлежните институции, а особено од ДИК, институцијата која е најодговорна да постапи по овие сериозни докази.

Очигледно е дека Зоран Заев и СДС се плашат од слободни избори, бидејќи знаат дека ќе ги изгубат, па продолжуваат со криминалното функционирање и вршат изборен поткуп и за време на вториот круг од локалните избори.

Полицајци со поткупувачите делуваат во овие криминални избори

Државната изборна комисија која има за цел да спроведе фер и демократски избори, невладините организации кои го следеа изборниот процес, ОБСЕ и ОДИХР го премолчија овој скандал.

Со враќање на правната држава и демократијата во Македонија, СДС и нејзините партиски активисти ќе понесат одговорност за сите видови на прекршување на изборните правила“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ