ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче лошо се справуваат со епидемијата, Македонија е црна дупка во Европа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение ги обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче дека лошо се справуваат со здравствените предизвици кои ги донесе пандемијата на коронавирусот.

Еве го соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во целост:

„Република Македонија е црна дупка во регионот и во Европа во однос на бројот на заразени и починати од корона вирусот.

Граѓаните се оставени само на себе, а Заев и Филипче само ги бројат загубените животи и лажат дека епидемијата е совладана и дека состојбата ја имаат под контрола.

Зоран Заев и Владата предводена од СДСМ никако да смислат план за справување со последиците од корона вирусот.

Заев и Владата предводена од СДСМ немаат план како да се организира здравствениот систем. Додека сите бележеа пад на бројот на заболени и починати, во Македонија се зголемуваше нивниот број, а не знаат ниту како понатаму со оној тн. есенски бран на корона.

Владата предводена од СДСМ нема план ниту за справување со економските последици кои произлегоа од корона кризата, а економските последици стануваат се повидливи од ден на ден.

Извозот на стоки од државава во периодот јануари ‒ јуни падна за 24 проценти во однос на истиот период од претходната година.

Заев и Владата предводена од СДСМ за само три месеци го зголеми јавниот долг за повеќе од една милијарда евра. Нема ниту капитални проекти, ниту пак некој ги видел тие пари, а дополнително Владата продолжува со ново задолжување.

Заев и Владата на СДСМ знаат да спроведуваат само лоши политики, а на граѓаните и на Македонија им е потребен план и стратегија за справување со кризата“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми