ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче наместо да го подобрат здравствениот систем ги заплашуваат граѓаните

Од:

„СДСМ направи тотален хаос од здравствениот систем во Република Македонија. Со СДСМ здравството е урнисано, а нивното расипништво и неспособноста ги плаќаат граѓаните со своите животи.

Откако СДСМ е на власт, во здравството секојдневно се редат скандали, а Заев и Филипче наместо да го подобрат здравствениот систем почнаа да ги заплашуваат и уценуваат граѓаните на Република Македонија.

СДСМ бесрамно ја злоупотребува вакцинацијата во кампања за да ги плаши родителите во државата, убедувајќи ги дека само ако помине референдумот тие ќе имаат квалитетни вакцини. Со тоа СДСМ фрла сомнеж дека сегашните вакцини се со послаб квалитет и не се по стандарди.

Илјадници родители во земјава се исплашени и револтирани од неетичкото однесување на министерот Венко Филипче кој процесот на вакцинација го користи за да го оправда капитулантскиот договор со Грција.

Деца ги губат своите животи заради немање средства, а власта троши стотици илјади евра на цвеќе и кафе. Очигледно на СДСМ, Заев и Филипче не им се важни здравјето и животите на граѓаните, па загубата на животи како резултат на нивниот хаос во здравството стана секојдневие.

Картелот на власт се грижи само за ширење на своите бизниси и затоа поважни им се милионски крвави и скандалозни тендери наместо решавање на приоритетните работи во здравството.

СДСМ ги понижи и здравствените работници. Додека беа во опозиција ги лажеа дека за само 6 месеци ќе им ги покачат платите за 15%, а сега откако дојдоа на власт за повеќе од година дена им ветуваат минорни 5, со што го потценуваат нивниот труд и придонес во општеството.

Стотици апарати во клиниките остануваат неупотребливи само затоа што власта е неспособна да ги поправи, а нивната неспособност оди дотаму што не се способни ни да го исчистат ѓубрето по кликите па мораше граѓански активисти да го чистат.

На расипничкото водење на СДСМ со здравствениот систем мора да му дојде крај. Време е СДСМ да си замине за граѓаните и Македонија да добијат подобро здравство“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да бидат спокојни, нема да одиме по стапките на СДС и ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: ССМ и Трендафилов одбија 40 отсто зголемување на платите

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он