А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев е повторно фатен во лага, преку државни ресурси неговото семејство го зголемува богатството

by А1он13/05/2018 - 09:39111
Share0

„Зоран Заев потврди дека преку Владата доделил концесија на фирмата „Тотал инжинеринг” која е во сопственост на неговиот брат Вице Заев.

Добивај вести на вибер

Семејството Заеви преку државни ресурси од ден во ден го зголемуваат своето богатство.

Јавноста е сведок дека фирмата „Тотал Инжинеринг“ пред само две недели, или поточно на 24 април добива концесија за експлотација на минерални суровини на локација во село Дукатино, општина Василево. Оваа концесија ја добива од Владата на предводена од Зоран Заев.

Уште поскандалозно е што самиот Заев јавно кажа дека фирмата „Тотал инжинеринг“ ја продала целата механизација. Јавноста ја интересира како планираат Заеви да вршат ископ во наредните 30 години без механизација?

Заев е фатен повторно во лага. Исто како што беа фатени струмичките камиони на Вице во РЕК Битола или давањето земјиште во кругот на струмичката касарна преку посредник.

Овие низа скандали покажуваат каков е односот на Зоран Заев кон државата.

Власта за Зоран Заев и неговото семејство, претставува само алатка за ширење на нивните бизниси.

Република Македонија не е лична сопственост на семејството Заеви.

Зоран Заев мора што поскоро да си замине.

Граѓаните заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

vmro-dpmne

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Предраг Петровиќ09/03/2026 - 17:29

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

Горан Наумовски27/02/2026 - 19:39

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:12

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

Горан Наумовски26/02/2026 - 09:11

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

Горан Наумовски25/02/2026 - 20:08

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Горан Наумовски24/02/2026 - 09:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен