ВМРО-ДПМНЕ: Заев е најголемото оружје што грчката страна го имала во преговорите за името

Од:

„Зоран Заев е најголемото оружjе што досега го имала грчката страна во преговорите за името.

Зоран Заев со овој договор прави три големи работи кои создацаат неповратна штета. Со договорот се бирише името Македонија, се менува уставот, и се загрозува идентитетот македонец и македонско.

Ова е капитулантски договор со кој Заев се гордее, а со кој ќе се срамат стотици генерации во иднина.

Македонија не заслужува да згасне на нечесен начин, поради скриени сомнителни интереси на Зоран Заев кој бесрамно распродава нешто што не е за продавање.

Не се виновни претходните генерации што ние денес живееме во Македонија, тие се наша гордост, но ако се откажеме од нив ние ќе бидеме нивниот срам. ВМРО-ДПМНЕ се спротивставува на овој капитулантски договор.

Ова е договор со кој во сто проценти се исполнуваат сите грчки барања. Со договорот Македонија се обезличува, се менува нејзиниот идентитет.

Зоран Заев е единствениот политичар во Светот кој го сменил името на својата земја, и се откажал од идентитетот на својот народ. Со ова Заев се става во темната страна на историјата на Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани, незадоволни од капитулацијата на Зоран Заев, незадоволни од договорот кој го постигнал со Ципрас, незадоволни од економското цунами и пустош на владата на СДСМ да ни се приклучат во протесниот марш во Битола. Протестот ќе започне во 13:30 часот, собирното место е пред спортската сала во Битола, низ Широк Сокак се до плоштадот Гоце Делчев пред Домот на културата.

Ова е можност да се покаже подготвеност и несогласување со недржавничките и поразителни политики на оваа влада предводена од Заев која освен штета не направи ништо корисно за Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да каже од каде 500.000 долари за инвестиции и златна виза во Дубаи

А1он

Ангелова: Опозицијата шири лаги, инфлацијата во државата се стабилизира

ВМРО-ДПМНЕ: ЕСМ бил партиски плен на СДС и ДУИ, два милиони евра се „испрани“ преку тендер

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место