ВМРО-ДПМНЕ: Заев дели пари на фирми од кланот Заеви

Од:

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека парите на граѓаните од општината „се иплаќаат на фирмите блиски до Кланот Заеви“.

„Ако претходно презентиравме случај во кој фирма на бизнис пријател на Зоран Заев добила јавни набавки од општината вредни над 73 милиони денари, денес ќе презентираме уште еден случај каде фирма на роднина на Зоран Заев добива пари од Општина Струмица.

Имено фирмата ИГМ Еленица, која е во сопственост на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев, склучила договори со општината во вкупна вредност од 1 871 980 денари. Тоа значи дека приближно 1 900 000 денари, од парите на граѓаните на Струмица, ќе легнат на сметката на фирмата на првиот братучед на Зоран Заев, Трајче Заев.

Она што е заедничко за овие јавни набавки е тоа што на сите како единствен понудувач се јавува фирмата Еленица“, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Бичиклиски.

Тој го повика Заев да одговори „дали е етички и нормално за него фирмата на сопствениот братучед да добива работа од општината каде тој ја раководи“?

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ