ВМРО-ДПМНЕ: Заев без поддршка од народот го продава името

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Зоран Заев го продава името без поддршка од народот. Референдумот е јасна порака од народот дека не е за промена на името и Зоран Заев и секој политичар треба да ја почитува истата.

Зоран Заев се надева дека со исполнување на агендата за промена на името ќе добие поддршка за прикривање на своите криминали, но тоа нема да се случи, сите криминали кои ги направи оваа власт ќе подлежат на одговорност, кога ќе се врати демократијата и правната држава.

Зоран Заев ја уназадува државата. Македонија тоне во корупција,според индексот на Транспаренси сме во друштво со држави како Танзанија и Колумбија, убиства ни се случуваат секој месец, а МВР никако да ги расчисти, економијата тоне, а бизнисот им оди само на олигарсите во власта.

Зоран Заев ја уназадува Македонија, доказ за тоа се и податоците од ДЗС, според кои трошоците за живот во 2018 година се зголемени за 1.5%, додека пак индексот на цените на мало е зголемен за 2.7%.

Зоран Заев ја уназадува државата, доказ за тоа се и пропустите во здравството и епидемијата со морбили, која директно е креирана од неодговорноста на власта, која како опозиција за ситни политички поени водеше кампања против вакцинирањето.

Зоран Заев ја уназадува државата, помина половина од неговиот мандат, а нема ниту еден километар од ветените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1.200 километри локални патишта.

Зоран Заев ја уназадува државата, ветуваше чист воздух веднаш по промената на власта, а нема направено ништо, повеќе пари одвојува за лубриканти, отколку за мерки против загадениот воздух.

Зоран Заев ја уназадува државата, тоа граѓаните го гледаат на секое поле, граѓаните знаат дека со СДСМ на власт државата само ќе тоне, а економијата забрзано оди кон провалија. Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Црнилата мора да станат минато. Зората мора да изгрее“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС се исплашени од Божиновска, затоа што почна да открива каков се криминал правеле во РЕК Битола, ЕСМ и МЕПСО

Филипче: Мицкоски има обврска пред граѓаните и пратениците да го каже планот за евроинтеграцијата на Македонија

Предраг Петровиќ

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски