ВМРО-ДПМНЕ: За време на СДСМ состојбата беше подраматична

Од:

„Извештаите за кои што СДСМ говори ги содржат предизвиците кои што се наведени и за сите останати држави во регионот и тие се стандардни карактеристики што редовно Стејт Департментот секоја година ги истакнува во однос на Југоисточна Европа“, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Гордан Георгиев.

„Само пред четири дена, НАТО истакна дека Македонија ги има исполнето сите услови и критериуми за членство во Алијансата што значи дека ги има исполнето стандардите што се бараат и со чие исполнување се дава позитивна оценка за демократијата на земјата. А во времето кога СДСМ беше на власт тие беа уште подраматични, уште потензични и уште поштетни за Република Македонија, како во поглед на квалификациите, така и во поглед на обемот на забелешки”, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата, на која опозициската СДСМ, изјави дека Македонија според Стејт Департментот и Амнести интернешнл бележи назадување во повеќе сфери.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Филипче и СДС и натаму лажат дека Алта банка имала забрана за работа во ЕУ

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Нема голем скандал во Македонија, а трагите на парите да не водат директно во Зајас кај Али Ахмети

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

ВМРО-ДПМНЕ: Младите брачни парови и самохрани родители до 40 години ќе се ослободат од комуналии за да се реши станбеното прашање

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици