ВМРО-ДПМНЕ: За три месеци власта на Заев создаде долг од милијарда евра, а парите ги нема

Од:

ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција на која ја обвини власта на СДСМ дека го пумпа јавниот долг на државата, а од тоа граѓаните немаат ќар.

Еве го целиот текст од прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ:

„Власта на Заев со своето неодговорно и неспособно владеење успеа да го покачи јавниот долг за една милијарда евра во рок од само три месеци, односно од 5,5 милијарди евра на крајот на првиот квартал на неверојатни 6,5 милијарди евра заклучно со вториот квартал во 2020 година. Така јавниот долг достигна од приближно 50% до 59,5% од БДП. Ова е најголем скок на јавниот долг во само еден квартал во историјата на Македонија. Како да не е тоа доволно па денес најавуваат ново задолжување од 38
милини евра.

Патем оваа милијарда евра никој не знае за што се потроши друго освен за евтин популизам кој скапо ќе се плаќа. Имено реализацијата на капиталните нвестиции во првата половина на годината изнесува само 22,51%, односно нема
реализирано ниту четвртина од планираното. Тоа значи дека немало изградба ниту на училишта, ниту на градинки, ниту на патишта, а сепак државата позајмила 1 милијарда евра.

Дополнително состојбата и во стопанството е исклучително лоша. Имаме пад на индустриското производство од 30% во мај и 15% во јуни, а исто така има и 4,4% помалку вработени во индустрискиот сектор. Некаде околу 30 илјади
граѓани немаа земено априлска плата, а илјадници останаа без работа. Оттука се поставува прашањето пак, каде завршија овие една милијарда евра нов долг. Да биде уште полошо и покрај ваквиот галопирачки раст на задолжувањето
за само три месеци експертите прогнозираат дека од есен се очекува државата да нема доволно пари да ги сервисира основните обврски и ќе треба повторно да се задолжува. Затоа владата на Заев посегна по поскапување на струјата од 7,5% во време кога сите земји цената на енергенсите или ги задржа или ги намали.

Оваа власт сака својот гол популизам со ваучери од сто евра и погрешните и задоцнети мерки сега да го наплати со повисоки давачки на граѓаните. Заради нивните погрешни политики граѓаните се задолжени со нови 2.000
евра по семејство, а истовремено ќе плаќаат и поскапа струја годишно. Најлошото е што власта нема план и состојбите може уште повеќе да се влошуваат. Токму затоа потребни се цврсти и стабилни чекори за поддршка на
стопанството и граѓаните, зашто само така државата и економијата ќе може да излезат од овој ќорсокак и да се придвижат напред.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев

(ВИДЕО) Манасиевски: СДС и Заев преку Агенцијата Еразмус купуваа судии, 120 илјади евра префрлени на невладина во сопственост на Лазар Нанев

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да се одважат и да кажат чива е јахтата со која се луксузираат на Егејското Море

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе недопирливи и заштитени поединци под политичка закрила

ВМРО-ДПМНЕ: Додека Филипче и Заев уживаат во сомнително стекнатиот капитал, во Скопје Коцевски ги брани со сите сили за да им го штити капиталот и украдените пари

ВМРО-ДПМНЕ: Срамно и дрско е СДС да зборува за темелите на македонската државност откако променија знаме, име и Устав