ВМРО-ДПМНЕ за советнички листи освои околу 301.000 гласа, СДСМ 125.000, НАИ 114.000, ВРЕДИ 91.000, ЛЕВИЦА 57.000 и ЗНАМ 38.000

Од:

Според првичните неофицијални податоци од Државната изборна комисија (ДИК), владејачката ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број гласови за советници на вчерашните локални избори.

Според резултатите објавени на веб-страницата на ДИК, обработени се 3.471 од вкупно 3.474 избирачки места, што претставува 99,91 отсто од вкупниот број.

ВМРО-ДПМНЕ добила поддршка од 301.919 гласачи, додека опозицискиот СДСМ освои 125.824 гласови.

На третото место е коалицијата Национална алијанса за интеграција (НАИ), предводена од ДУИ, со над 114.246 гласови, додека коалицијата ВРЕДИ добила околу 91.242 гласа.

Политичката партија Левица добила поддршка од 57.063 гласачи, а партијата ЗНАМ 38.421. Коалицијата Искуство за успех (ГРОМ, ЛДП, Интегра, ПЦЕР) освоила 13.000 гласови.

Според податоците на ДИК, на изборите гласале вкупно 883.937 граѓани, од кои 833.984 ливчиња се важечки, а 49.957 се неважечки. Излезеноста изнесува 48,29 отсто.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Победата на ВРЕДИ е формална, се е благодарение на организираното гласање на ВМРО-ДПМНЕ, вели Адеми

На 11 јануари ќе се гласа во општините каде што немаше цензус

Катерина Ѓуровски

Снопче бара од Гаши пред Нова Година да ги распише повторните избори во четирите општини

Мицкоски: Владата согласно закон ќе именува повереници во општините каде изборите беа неуспешни

ЛДП: Поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

Јакимовски: ВМРО-ДПМНЕ во Карпош не победивте! Силувавте! Карпош го украдовте