ВМРО-ДПМНЕ: За слабиот рејтинг на СДС–мислењето на народот им смета, па посегаат по фалсификати и лаги, за тоа ќе следи тужба

Од:

СДС очајно се обидува да ја дефокусира јавноста со фабрикации на лажни скандали и со фалсификување на документи. СДС се свесни дека колата им е тргната надолу и огромно мнозинство од граѓаните се незадоволни од нивната власт, од криминалот и корупцијата на функционерите, од сиромаштијата и инфлацијата, од тонењето на економијата и животниот стандард, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– И сега виновни им се сите. И ВМРО-ДПМНЕ и националниот сервис и агенциите за испитување на јавното мислење и медиумите и народот. Можеби на СДС му се штелувани и анкетите на ИРИ и НДИ кои покажуваат дека СДС и Пендаровски сериозно губат од ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова?! На слабиот партиски рејтинг на СДС, мислењето на народот му смета.

Впрочем јавноста памети дека СДС секогаш кога ќе им загусти посегаат по фалсификати и измислување на скандали. Од лажните бугарски летоци во деведесетите, па преку аферата Фабрика, па потоа со лагата за пасошите до оваа најновата денес манипулација за некакви документи кои кога ги креирале ги погрешиле имињата, погрешиле датуми и фалсификувале потписи. Очигледно скапо платената црна кампања на Асаф Еисин им дала евтин фаличен фабрикат. За ваквите груби лаги од СДС, ќе следи тужба за клевета и тужба за фалсификување на документи, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми