ВМРО-ДПМНЕ: За притисоците во Гази Баба има пријава во полиција, притисокот е начин на работа на СДС

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција на соопштението на СДСМ во кое што тие кажаа дека е лажна вест заканата врз советничка на ВМРО-ДПМНЕ во Гази Баба

„За каква лажна вест зборува СДС кога има пријава во полиција од луѓе со име презиме кои потврдиле дека биле предмет на притисоци и закани од локалните насилници на СДС во Гази Баба.

Силеџиството на СДС се случи само поради тоа што насилници се заканувале по семејството на советникот од ВМРО-ДПМНЕ во општина Гази Баба да гласа за СДС, со цел СДС да формира мнозинство.

Условот бил јасен или награда доколку советникот потклекне на притисокот и уцените или молотов коктел за неговиот дом, ако остане на својот став.

Притисокот е начин на работа на СДС и тој го применуваат систематски од изборната кампања до денес, на секаде низ државата, но граѓаните веќе се охрабрени и не им се плашат на бандитите на СДС и затоа јавно зборуваат.

Ако партиската испостава на СДС МВР на Спасовски не излезе со детално расветлување на овој скандал кој е само продолжение на криминалните избори тие стануваат соучесник и заштитник на силиџиите, тогаш со враќањето на ВМРО-ДПМНЕ овој и сите други криминали ќе бидат расчистени, а криминалците и силеџиите изнесени пред лицето на правдата.

Тој што со криминал дошол на власт со криминал ќе владее, граѓаните тоа го знаат и затоа отворено се спротиставуваат и ќе се спротиставуваат и во иднина, се додека не падне оваа криминална, недемократска и силеџиска власт“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: 100 Дена нова влада стара политика – ДПМНЕ ја продолжува праксата на СДС

Предраг Петровиќ

Лефков: Владата на СДС и ДУИ набавила софтвери за 9.5 милиони евра, од кои дел не се ни користат, наместо да фрлаат пари можеле да купат 100 возила за гасење пожар

Предраг Петровиќ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ го укина бесплатното пливање за првачињата и децата со попреченост во Аеродром

СДСМ: 100 дена Влада на Мицкоски, 100 дена изговори, скандали и разочарувања

ВМРО-ДПМНЕ: СДС вината за тонењето треба да ја бара кај себе, а за навредите мора да им се извини на граѓаните

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ