ВМРО-ДПМНЕ: За чии интереси во Охрид се спроведува урбан масакр?

Од:

„Понижување е за градот Охрид тоа што повторно се воспоставува коалицијата Црвенковски – Петрески, истата која го жртвува градот само за да се задоволат интересите на сопствената тајфа. Охрид и граѓаните се желни за одговори на многу прашања, на кои никогаш не добиле одговори од градоначалникот Александар Петрески и лидерот на СДСМ Бранко Црвенковски, рече претседателот на Општинската огранизација на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, Атанаско Михаилов.

Михаилов побара од Петрески и Црвенковски да објаснат зошто постојано ги зголемуваат јавните давачки кон граѓаните на Охрид, за чии интереси во градот се спроведува урбан масакр и се уништува неговата иднина, како од економски и туристички, така и од демографски аспект.

Од ВМРО-ДПМНЕ се уверени дека народот никогаш повеќе нема да се идентификува со криминален начин на водење на Охрид, дека ќе крене глас против осумгодишното криминално и коруптивно владеење на Петрески и неговата тајфа со Охрид, против Петрески кој ги урна сите надежи за иднината.

 

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис