ВМРО-ДПМНЕ: За 10 месеци СДСМ од Македонија направија киднапирана и заробена држава

Од:

„СДСМ за 10 месеци од Македонија направи киднапирана и заробена држава, во која владеењето на правото е само мисловен поим, а Уставот и законите на државата мртво слово на хартија.

СДСМ и Зоран Заев долго ќе го носат срамот од фактот дека на 14 март ја погазија демократијата, законите и Устав на Република Македонија. Ги ставија партиските пред државните интереси. Заев и СДСМ се главните и одговорни виновници за носењето на неуставниот закон за двојазичност. Тоа граѓаните јасно го видоа.

Насилното носење на законот за двојазичност ги прекрши деловничките, законските и уставните процедури.

СДСМ ги прекрши Законот за Собранието, Деловникот на Собранието и Уставот на Република Македонија.

Овој закон е штетен, неприменлив и неуставен. ВМРО-ДПМНЕ не го признава овој закон и никогаш нема да го признае, бидејќи носи нови поделби и конфликти во општеството.

Овој закон е само продолжение на штетените политики на СДСМ, како штетните договори , недржавничкото дејствување, расипничкото задолжување, економската стагнација и падот на градежништвото.

Наместо плати од 500 евра, 600 километри нови автопати, економски бум, раст на пензиите и социјалната помош, граѓаните се сведоци на општа катастрофа, која државата ја носи кон сиромаштија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал