ВМРО-ДПМНЕ во Свети Николе ќе го продолжи континуитетот на успешно спроведување проекти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи во континуитет со реализација на проекти во Свети Николе. Досега реализиравме голем број проекти, а ќе продолжиме и со нови кои се дел од Програмата за претстојните локални избори, а која содржи 122 проекти кои се од потреба на граѓаните.

Ова го истакна кандидатот за градоначалник на Свети Николе од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Тасев на прес-конференција во партиското седиште во Скопје.

Тој напомена дел од проектите што се реализирани и кои беа суштински за градот да стане модерен и успешен. Меѓу нив се регионален систем за водоснабдување „Злетовица“, регионалниот пат, реконструкција на Домот на културата…

– Во наредниот период сме исправени пред предизвикот да создадеме услови за привлекување странски инвеститори и општината да ја афирмираме да стане препознатлива по многу работи, рече Тасев напоменувајќи дека во наредниот период се планира почнување на изградбата на патниот правец Миладиновци – Свети Николе – Штип, асфалтирање на патниот правец Свети Николе-Пробиштип, уредување на речното корито на Светиниколска Река, изградба на паркинг за товарни моторни возила, изградба на нов сточен Пазар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија