ВМРО-ДПМНЕ: Во првите 100 дена владеење на СДСМ здравјето на граѓаните е ставено во втор план

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ со 35 милиони денари инсталира ангографи во болниците низ Македонија со што постави високи европски стандарди на кардиолошката мрежа.

Од друга страна пак новата влада на СДС за овие 100 дена на власт, освен што ги задолжи граѓаните за 350 милиони евра, успеa неодговорно и расипнички да им ги потроши парите.

Неодоговорната влада на Заев за 350 милиони евра можеше да набави околу 580 ангографи кои многу ќе им значеа на граѓаните. Расипничката влада не набави ниту еден, а граѓаните не знаат каде се потрошени нивните пари.

Очигледно е дека за овие 100 дена владеење на Заев и СДС, здравјето на граѓаните е ставено во втoр план, a пак приоритет e луксузирањето и задоволувањето на нивните партиските војници.

Граѓаните на сопствена кожа ја почувствуваа расипничката и погубна политика која ја спроведува СДС и Заев.

Доколку ВМРО-ДПМНЕ беше на власт ќе продолжеше да ги спроведува и да ги реализира проектите од кои граѓаните ќе имаа голема придобивка. Ќе се продолжеше да се инвестира во подобрување на македонскиот здравствениот систем, ќе се продолжеше да се инвестира и во образованието, во инфраструктурата, во носење на странски инвестиции се со цел отворање на поголем број работни места.

Јавноста се увери во неспособноста и расипништвото на оваа влада па затоа на 15-ти октомври, на локалните избори ќe и дадат црвен картон на СДС и нејзините расипнички политики“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ЗНАМ се дели, ВМРО прави ново движење за создавање контролирана и раситнета опозиција

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Сѐ што има Мицкоски е стекнато чесно и законски

Горан Наумовски

„За ВМРО-ДПМНЕ нема подобро решение од Венко Филипче – проблемот е што тој е штетен за Македонија“, реагираат од владејачката партија

А1он

(ВИДЕО) Стојаноски: СДС и ДУИ наместо да се надминат себе си, одлучија да тераат инает

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го смени Членот 353 со кој си се амнестираше од криминалот, сега бара негови измени

ВМРО-ДПМНЕ: Грегоријанецот Венко треба добро да ги проучи календарите