ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, незаконски, веќе ја започна кампањата за локалните избори

Од:

[staff name=”Мики Трајковски” position=”Автор”][/staff]

ВМРО-ДПМНЕ од Охрид деновиве, повеќе од еден месец порано, ја започна предизборната кампања за локалните избори. Ова е очигледен пример за флагрантно кршење на законите и непочитување на демократските процеси од страна на ВМРО-ДПМНЕ, која партиските ги става над државните интереси.

„Сведоци сме дека во последните нееколку дена , кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ Никола Бакрачески , во придружба на партиски функционери , се промовира на средби со граѓани од различни целни групи. Згора на тоа ваквата предвремена кампања ја следат и медиумите. Кандидатот за градоначалник од ВМРО- ДПМНЕ Никола Бакрачески , средбите ги одржува во тек на работното време. Наместо како лекар да си ја врши работата во Центарот за рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања, тој ги занемарува пациентите и води предвремена предизборна кампања“ велат од СДСМ Охрид.

Од СДСМ апелираат до надлежните институции да го санкционираат ваквото како што велат очигледно кршење на законите од страна на ВМРО-ДПМНЕ.

„Воедно ги потсетуваме претставниците на ОБСЕ и ОДИХР да го имаат во вид ваквото кршење на одредбите од Изборниот законик и нарушувањето на процесите за фер и демократски избори“ велат од Општинска организација на СДСМ – Охрид.

Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Охрид, Никола Бакрачески деновиве остварува средби со разни здруженија и организации од Охрид. Здружението на бродари, автппревозници, спортските риболовци.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лага е дека се суспендирани средствата од ИПАРД програмата

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче