ВМРО-ДПМНЕ: Власта вчера удри по својот народ

Од:

„Настаните вчера пред Собранието на Република Македонија се дел од смисленото сценарио на власта на Зоран Заев и СДСМ.

Власта вчера удри по својот народ и ниту едно клеветничко соопштение на СДСМ нема да го покрие тоа.

СДСМ треба да се извини што полицијата беше злоупотребена, а повредени се граѓани, возрасни луѓе, жени и деца.

СДСМ и Зоран Заев посакуваат насилство се со цел да им помине нивниот план за капитулација.

Додека Зоран Заев СДСМ ја деградираат Република Македонија и го продаваат уставното име свесно се обидуваат да го вовлечат ВМРО-ДПМНЕ во црно сценарио и насилство.

ВМРО-ДПМНЕ нема да пoтпадне на ваквото сценарио. Апелираме народот да не потпаѓа на провокациите кои ги прават инсталациите на власта и да не бидат злоупотребувани во нивните дневно политички цели.

ВМРО-ДПМНЕ останува со народот.

Ќе дојде времето кога секој што се огрешил кон државата и кон народот ќе одговара.

Зоран Заев ќе падне, а Македонија ќе победи“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?