ВМРО-ДПМНЕ: Власта непотребно се изживуваше над капачите на Водици во Охрид

Од:

ВМРО-ДПМНЕ Охрид реагира поради, како што велат, непотребната акција на полицијата против капачите на Водици цо градот.

Еве ја во целост реакцијата од партијата:

„Традицијата е нашето дефинирање, а Водици нашиот корен. Но за жал од достоинствен, искрен и сосема краток настан во кој преовладуваа среќата и радоста власта непотребно создава нервоза.

Апсолутно непотребно на сите капачи по излегувањето од езерските води им беа земани податоци од полициските службеници. Немаше никакво групирање и натпревар за фаќање на крстот чин кој беше завршен во црква, не постоеја турканици и немаше никакви непријатности, па според тоа за секаква осуда е насилието кон граѓаните од страна на власта.

Народот нема да ги заборави двојните аршини на оваа ненародна власт. Селективното однесување на власта е крајно нечовечки и против македонската традиција,“ велат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чочекот е единственото што СДС знаат да го прават кога станува збор за капитални инфраструктурни проекти

ВМРО-ДПМНЕ: За период од една години владата инвестира во локалните самоуправи преку видливи проекти

ВМРО-ДПМНЕ: Герасимовски ја претвори општина Центар во магацин на нереализирани ветувања

Здравковски: Охрабрувачки е фокусот на Владата кон младите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Филипче го враќаат Жерновски во раководните структури

ВМРО-ДПМНЕ: Во отсуство на реална политика и аргументи, СДС продолжува со растурање на пердуви во јавноста