ВМРО-ДПМНЕ: Власта мора да се вразуми и да го почитува Деловникот

Од:

„Непочитувањето на законите ја урива демократијата во Република Македонија. Парламентарното насилство манифестирано со игнорирање и ограничување на правата на пратениците од опозицијата е осакатување на демократијата.

Власта мора да се вразуми и да го почитува Деловникот. Законот за двојазичност треба да се повлече и да се дискутира бидејќи е неуставен, неприменлив и носи сериозен долгорочен ризик по кохезивноста во Македонија. Почитувањето на законите онаму каде што се носат е насушно потребно, за истите да имаат своја тежина. Законите донесени на незаконски начин се преседани кои во иднина може да станат правило.

Непочитувањето на собраниските процедури и евентуалното избегнување на амандманска расправа е на штета на Република Македонија.

Владата на СДСМ само декларативно се грижи за демократијата, а во пракса работи спротивно, по принципот на тоталитарните режими. СДСМ ветуваше правна држава, а сега врши силен удар врз правото, во Собранието на Република Македонија.

Хаосот кој го предизвикува СДСМ во законодавниот дом ќе предизвика сериозни штети на демократијата, но непочитувањето на деловникот и законите ќе предизвика реперкусии кон оној кој ќе ги прекрши.

Заев со своите постапки ја уништува Република Македонија. Заев во серија презема чекори кои водат кон разнебитување на идентитетот и на националните чувства. Патриотите кои се спротивставија на недемократските процеси во Собранието, беа неправедно притворени и со тоа се изврши силен удар врз демократијата во нашата земја.

Политичкиот прогон мора да сопре. Беззаконието стана правило за постапување на власта предводена од СДСМ. Единствен начин за враќање на демократијата во Република Македонија, е судовите и институциите да се ослободат од канџите на власта и да работат по закон. Тоа значи и ослободување на патриотите кои што се обвинети во политички монтиран процес.

Судовите мораат да ги укинат сите незаконити одлуки, донесени надвор од пропишаните процедури, а нарачтелите и извршителите, соодветно да одговараат.

Законитоста ќе се врати со заминување на владата на СДСМ, која врши терор врз слободите и правата, на сите граѓани.

Власта својата неспособност да ги реши проблемите на граѓаните, ја покрива со закани, притвори и неосновани обвиненија на невини луѓе. Наместо да ги решава вистинските проблеми на граѓаните, СДСМ се обидува насила да донесе неуставен закон во незаконита процедура. Време е разумот да надвладее и наместо декларативна, да се даде вистинска предност на реформските приоритети“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал