ВМРО-ДПМНЕ: Власта јавно си кажува дека во ФИТР гледа златна кокошка преку која ги богати блиските до себе

Од:

Нов оглас, стара приказна, Фондот за иновации и технолошки развој уште еднаш ќе полни со пари фирмите блиски до власта, само што овој пат без срам јавно тоа го кажуваат. Или како што напишале како критериум 60.000 долари според огласот ќе припаднат на луѓе кои се во добра состојба со оваа власт. Седум години СДС и ДУИ во ФИТР гледаат како златна кокошка преку која си ги богатат фирмите и лицата блиски до себе, семејства, роднини и пријатели, се вели во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

– Сега за да биде пострашно тоа директно го кажуваат без да им е гајле дека ги кршат законите и Уставот на Македонија, односно јавно си кажуваат дека нема еднаков третман а сите, туку пари од ФИТР ќе добиваат само нивните, а обвинителството и МВР како по обичај молчат. Каков документ треба фирмите или физичките лица да имаат за да докажат дека се во добра состојба со власта и кој одлучува за тоа? Дали тоа ќе биде партиска препорака од нивните општински организации?

СДС и ДУИ како и обично повторно злоупотребуваат не само домашни, туку и странски средства срамејќи не пред светот, имајќи предвид дека дел од парите на проектот на ФИТР се обезбедени преку меѓународните организации на нашите стратешки партнери. За овој проект, од вкупниот буџет кој изнесува 60 илјади американски долари, 40 илјади долари ги обезбедува Фондот, додека 20 илјади долари се обезбедени преку странска организација, што значи дека сеедно им е за реномето на државата пред меѓународните организации. Огласот мора да биде веднаш повлечен, а директорот на ФИТР да си поднесе оставка. Одброени се деновите на власта, поткупот пред избори нема да ги спаси од пораз, ќе загубат катастрофално, потоа ќе следи одговорност за сите вакви криминали кои ги правеа. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди сè што говоревме, ВМРО е во паника по акциите на САД и Законот за Западен Балкан

Горан Наумовски

СДСМ: За криминалната ВМРО членството во НАТО е „срам за граѓаните“

СДСМ: ВМРО намерно ги стопира ЕУ интеграциите

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на страната на Мадуро, молкот на СДС е одбрана на криминалот и диктатурата

ВМРО-ДПМНЕ: Политичка тишина, СДСМ не реагира за апсењето на венецуелскиот лидер

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и во новата година со старите приказни, 2026 година се уште враќаме ваши долгови и заеми