ВМРО-ДПМНЕ: Власта губи контрола и се заканува на секој кој има поинакво мислење од нив

Од:

СДСМ е исплашена од граѓаните. Власта губи контрола и се заканува на секој кој изразува поинакво мислење од капитулантските и расипнички политики на Зоран Заев и криминалниот картел, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Обидите со багер да се газат граѓани кои изразиле поинакво мислење, наводните поправки на жичарата и непропуштањето на телевизиски екипи да ги снимат локациите каде се врши сеча на Водно е одраз на немоќ и пад на една исплашена власт.

Заканите и мобингот врз вработените во јавниот сектор, нивно прераспоредување на работни места надвор од нивното место на живеење е обид да се замолчат овие луѓе и да се спречи мислење различно од тоа на Зоран Заев и криминалниот картел. Ова е знак дека се во паника, бидејќи се повеќе сфаќаат дека немаат поддршка за антидржавните политики.

Граѓаните повеќе не се плашат. Граѓаните се погласно зборуваат. Антидржавните политики на Зоран Заев и картелот кој го предводи повеќе не поминуваат кај народот. Никој повеќе не им се плаши и не молчи.

Наскоро граѓаните ќе ги казнат за сета штета која и ја нанесоа на Република Македонија. Целиот криминал кој под димната завеса на референдумот го прават, со пљачкосување ја државата придонесе да ја направат синоним за криминал за кој пишуваат сите светски медиуми.

На делбите на криминални милионски тендери, партиските вработувања, политичкото угнетување и на сето безредие му доаѓа крај. СДСМ мора да си замине. Република Македонија мора да тргне напред“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Економијата на државата тоне

Ристески: Цели 3 години ВМРО ДПМНЕ во Аеродром потроши на лаги, изговори и празни ветувања

Кузеска: Поради функцијата Божиновска е должна да каже дали има бугарска самосвест

Кузеска: Пукање има на секој чекор, улиците станаа небезбедни-бараме оставка од Тошковски

ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДС го подготви најскандалозниот тендер за пругата кон Бугарија која завршува во тунел без излез, а чини 560 милиони евра

СДСМ: Повторно пукање, со ДПМНЕ и Тошковски улиците се Див Запад