ВМРО-ДПМНЕ: Владимир Атанасовски ниту бил, ниту е ангажиран како советник на Мицкоски

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштене реагира на прес-конференцијата на Костадин Костадинов од СДСМ.

„Република Македонија се соочува со најцрниот период од осамостојувањето кога целиот безбедносен и судски систем се ставени во улога само и само за спроведување политички монтирани и мотивирани процеси, на штета на безбедноста на државата и особено на правото и правдата. Во време кога со државата владее криминогена власт, а државата се завива во црно заради мафијашки пресметки на улиците, СДСМ спроведува класичен политички прогон преку пласирање на лажни информации.

Владимир Атанасовски ниту бил ниту е ангажиран како советник на претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ г. Христијан Мицкоски. Информацијата дека Атанасовски е дел од советниците на актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ ги сметаме за тенденциозна инсинуација и намерно нанесување на штета на новото раководство на партијата и претседателот г. Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека во Република Македонија се одвиваат политички мотивирани и инструирани судски процеси кои немаат врска со правото и правдата, а кои судскиот систем го доведуваат до апсурдности кои се одвиваат до недоглед. Токму заради тоа ВМРО-ДПМНЕ предложи закон за амнестија.

И политичките судски процеси и политичките приведувања, како и пласирањата на лажни информации имаат за цел да ја дезавуираат јавноста од безбедносните проблеми и прашања, како и од реалните проблеми кои оваа мрачна криминогена власт ги нанесува врз граѓаните на Република Македонија

ВМРО-ДПМНЕ бара јавно извинување од СДСМ и од портпаролот Костадин Костадинов заради пласирање и објавување на неточна информација.

ВМРО-ДПМНЕ секогаш била и е достапна за медиумите да одговори на било кое прашање во и од интерес на јавноста“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?