ВМРО-ДПМНЕ: Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион

Од:

Патниот транспорт е важна алка во синџирот на економијата на целата држава тоа значи нови можности, поголема безбедност, нови бизниси, нови работни места. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во развој на Mакедонија и интеграција во регионот. Има засилена динамика на градежни активности на терен. Со реализација започна автопатот Тетово-Гостивар во должина од 17,5 километри и вредност од 90 милиони евра, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се градат нови автопати, експресни, регионални, магистрални патишта и модерни коридори. Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата пан европски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д. Се реализира многу важен стратешки проект, европската артерија Коридорот 8 кој ги поврзува Јонското Јадранското море со Црното море и е значајна алка за развој на Македонија. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ напорно работи на капитални проекти има план и визија со цел подобрување на животниот стандард на граѓаните и отворање на нови работни места. Градежништвото ќе биде мотор на економскиот раст. Владата засилено работи за Македонија да биде најдобра по раст во целиот регион и да има модерна и функционална инфраструктура со цел подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ