ВМРО-ДПМНЕ: Владата за 14 дена потрошила 20,5 милиони евра за патни трошоци и дневни расходи

Од:

Лука Кржалоски од ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција рече дека Владата на СДСМ ги трошела парите на граѓаните без милост и расипнички управувале со државната каса.

– Владата на СДС за 14 дена потроши цели 1,2 милијарди денари, односно 20,5 милиони евра за стоки и услуги, односно патни и дневни расходи за претставниците на власта, инвентар за нивните канцеларии и за вработувања на партиските послушници. Да почитувани граѓани, Заев и неговите министри кои ветуваа дека ќе донесат живот, за 14 дена стопија 20.5 милиони евра од вашите пари буквално за задоволување на сопствените апетити за луксузирање, наплаќајќи го истото од вашите пари. СДС за да може да се расфрла со парите на граѓаните, и да троши по 20 милиони евра за патни трошоци и партиски вработувања, за само 87 дена ја задолжи државата за неверојатни 145 милиони евра, а од државните резерви стопи 177 милиони евра, рече Кржалоски.

Тој додаде дека политиката на огромни задолжувања, која што ја спроведувала владата на СДСМ забрзано ја водела Република Македонија кон банкрот и СДСМ не размислувале за иднината и граѓаните, затоа безмилосно ги задолжувале идните генерации со пари кои се трошат на патни трошоци и партиски вработувања.

– Да не беше трагично ќе беше смешно, СДС ги задолжува идните генерации за да ги покрива партиските вработувања и патните трошоци на Заев, ова е сосема спротивно од ветувањата на Заев пред изборите, кога зборуваше дека тој нема да ја задолжува државата и нема да има партиски вработувања. Граѓаните сега можат да видат дека Заев се што рекол, излажал. Владата на СДС без срам зема од парите на граѓаните и ги расфрла за патни трошоци на Заев и неговите соработници, за вработување и вдомување на државна плата на партиските послушници и таканаречените граѓански активисти, додека ја задолжува Република Македонија со стотици милиони евра, рече Кржалоски.

Според него, лудилото на СДСМ не завршувало тука, Владата секојдневно одвојувала милиони денари за невладините организации, на 24. август владата префрлила 1,4 милиони денари.

– Управувањето на СДС со парите на граѓаните ќе биде преиспитано со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија. Граѓаните ќе му стават крај на самоволието на СДС кое ја турка Република Македонија во банкрот на 15-ти октомври, кога ќе јасно ќе кажат дека се против погубните политики на Заев и врхушката на власта, заврши Кржаловски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ