ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ врши брутална партизација на државните институции

Од:

Павлинче Честојнова од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите кажа дека продолжувало беззаконието на СДСМ и дека тие се однесувале како државата и државните институции да биле нивна приватна сопственост.

– Владата на СДС со потпис на Радмила Шекеринска незаконски, кршејќи ги правните прописи на Република Македонија, именувала четворица членови на Управниот Одбор на Агенцијата за Катастар на недвижности, за истиот ден со заклучок на Влада донесен од Драги Рашковски да се именува уште еден Управен Одбор, повторно со кршење на законот за Катастар. Со ова СДС создава општа и правна конфузија. СДС со своите незаконски одлуки го загрозуваат нормалното функционирање на Агенцијата за Катастар на недвижности и создаваат правни нелогичности. Граѓаните се прашуваат кои се членови на Управниот Одбор на Катастарот? Лицата што се именувани со Решение на Шекеринска или со заклучокот потпишан од Драги Рашковски бидејќи и двата се со ист датум на донесување, а со едниот не се менува другиот, изјави Честојнова.

Според неа, граѓаните се прашувале уште колку дупли одлуки за менување на функционери имала донесено Владата за кои што се чувале бројчиња во архивата на Владата.

– Скандалозно е што сите четворица ново именувани членови на Управниот Одбор и во решението на Шекеринска и во заклучокот на Рашковски, се вработени во приватниот сектор и немаат законски основ да бидат членови на УО на Агенцијата за Катастар, сите се именувани во спротивност со законот за Катастар, што го прави нивното именување нелегитимно. Во законот за Катастар, во член 9 став 2 стои: „Со Агенцијата управува Управниот одбор кој е составен од пет члена и тоа по еден член на предлог од Министерството за правда, Министерството за транспорт и врски, Министерството за финансии, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство“, рече Честојнова.

Како што кажа таа, СДСМ го прекршил законот и именувале нелегитимен Управен одмор, чии одлуки ќе биле нелегитимни.

– Во два дена Заев, Шекеринска и Рашковски три пати го прекршиле законот. Владата на СДС врши брутална партизација на државните институции, кршејќи ги законите на државата без око да им трепне. Заради ваквата неодговорност и неспособност СДС ќе се соочи со политичка одговорност на следните локални избори и ќе биде целосно делегитимиран од страна на граѓаните, заврши Честојнова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лотарија функционирала како приватна фирма на Груби, СДС молчеле за криминалот

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

ВМРО-ДПМНЕ: СДС намерно ја извртува јасната уставно-правна природа на Резолуцијата и продолжува со ширење паника

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски