ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ и Сугаревски ги стопираа сите позначајни инфраструктурни проекти

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати соопштение, реакција на изјавата на Горан Сугарески.

„Сугарески преку бледи изјави сака да ја оправда својата неспособност и неработење, па се служи со разно разни лаги и манипулации.

Владата на СДС и Горан Сугаревски за 100 дена од нивното владеење освен што институциите ги внесоа во целосен хаос и безредие, ги стопираа сите позначајни инфраструктурни проекти.

Сугарески и Заев свесно ја прекинаа изградбата на автопатите Миладиновци – Штип, Кичево – Охрид, Демир Капија – Смоквица, со тоа оставија без ангажман неколку илјади работници.

СДС и Заев во време на изборна кампања ветија 600 километри автопати и 550 километри магистрални патишта. Досега не се почнати ниту 100 метри.

СДС вети. СДС излажа.

СДС и Сугарески треба да престане да се однесува како опозиција и да почне да се однесува одговорно кон граѓаните. СДС да реализираат барем еден единствен проект од кои би се подобрил животниот стандард и квалитетот на граѓаните.

Граѓаните на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат недомаќинското работење на Заев и СДС. Граѓаните ќе му кажат НЕ на Заев и СДС“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ